Анчелоти му се „фрли“ во прегратка на Модриќ: Му честитав, Лука прави магија на теренот (ФОТО)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше воодушевен од играта на Лука Модриќ во победата против Атлетико во дербито од 17. коло на шпанскиот шампионат.

Кралскиот клуб славеше со 2-0 и задржа осум бода повеќе на лидерската позиција во однос на Севиља.

„Го гушнав Лука и му честитав бидејќи беше извонреден. Неговата игра беше неверојатна, тој прави магија на теренот“, потенцираше Карло.

Италијанскиот селектор е посветен да го задржи капитенот на хрватската репрезентација на „Сантијаго Бернабез“ до јуни 2023 година. Актуелниот договор на Модриќ истекува на крајот од сезоната, а челниците на клубот се очекува наскоро да седнат на маса со искусниот играч за врска и неговите менаџери. Работата би можела да биде завршена во следните неколку месеци.

36-годишниот фудбалер има освоено 16 трофеи во Реал Мадрид од 2012 година, вклучувајќи четири Лига на шампиони и две Ла Лига.

 

 

 

Се вчитува...