Анчелоти: Не ме разочара изборот на Златната топка, следната година би можел да ја освои Модриќ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со Атлетик Билбао во Ла Лига, зборуваше за церемонијата Златна топка која замина во рацете на Лионел Меси.

„Сметам дека Меси продолжува да биде голем играч. За играчите тоа е важна индивидуална награда затоа што им е мотивација. Би сакал идната година да биде некој од Реал Мадрид. Бензема имаше одлична сезона, Винициус исто така покажува квалитет, Модриќ е тука… имаме многу можности за освојување. Нашиот голман Куртоа е исто така одличен, иако мали се шансите голманите да ја освојат“, вели Анчелоти.

Вчера Франс Фудбал ја додели Златната топка на Меси, признание за кое многумина сметаат дека е неоправдано доделено на Аргентинецот, и истото требало да го освои Роберт Левандовски.

Се вчитува...