Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим не смее да бара оправдување по ремито со Лас Палмас. Синоќа Лас Палмас и Реал Мадрид одиграа без победник, 1-1 во натпреварот од третото коло на шпанската Ла Лига.
Реал моментално е петти во шпанската лига со пет бода. Анчелоти истакнува дека мадридскиот клуб мора да ја подобри својата игра во преостанатиот дел од сезоната.
„Не смееме да бараме изговори. Распоредот е густ и се свртуваме кон следниот натпревар, кој е веќе во недела. Треба да имаме појасна стратегија. Ова не боли повеќе отколку што мислите. Мораме да работиме и да се концентрираме на тоа што го сакаме“, рече Анчелоти.
Фудбалерите на Реал Мадрид ќе го пречекаат Бетис на свој терен во следното коло од Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА