Анчелоти незадоволен: Шансата за пласман во Европа е драстично намалена

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е свесен дека поразот што го доживеа неговиот тим од Астон Вила значително ги намали шансите за освојување на пласман за некое европско натпреварување.

„Карамелите“ загубија од Вила на домашен терен во 34. коло од Премиер лигата со 2-1 и сега имаат 52 бода на осмото место. Седмопласираниот Тотенхем има еден бод повеќе, Ливерпул е шестпласиран со два, а Вест Хем има три бода предност и се наоѓа на петтото место.

„Пропуштивме голема шанса да останеме во борба за Европа. Секако сме тука, но сега имаме многу повеќе потешкотии, додека нашите шанси се драстично помали. Не започнавме на начин на кој ваквите натпревари го бараат тоа. Моравме да бидеме подобри, имајќи предвид колку беше важен овој натпревар и дека бодовите во играта се исклучително важни“.

Евертон во следната рунда гостува кај Вест Хем.

Се вчитува...