Анчелоти: Никој не мисли дека сме фаворити против Барса

Барселона и Реал Мадрид денеска ќе се сретнат во првото полуфинале од шпанскиот „Суперкуп“ кој ќе се игра во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти не ја прифаќа фаворитската улога на неговиот тим иако во Ла лига има дури 17 бода повеќе од освоено од големиот ривал.

„Би се загрижил доколку играчите мислат дека се фаворити пред предизвиците кои не чекаат, но не е така. Свесни се за тежината на натпреварот против Барселона и подготвени се да направат се како би победиле. Без разлика тоа кој во каква форма е, натпреварите против Барса секогаш се неизвесни“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...