Анчелоти: Реал Мадрид – Барселона е исто како Челси – Тотенхем

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сподели своите очекувања од престојното Ел Класико кое е на програмата викендов. За него ова е посебен натпревар, и го спореди како миланското дерби, како лондонското или како дербито на Германија.

„Ова е посебен натпревар. Секоја земја има посебен натпревар. Во Италија тоа е Интер – Милан, во Англија Челси – Тотенхем, во Германија Баерн – Борусија Дортмунд. Ел-Класико е многу посебен натпревар, важен за навивачите. Ова не е обичен меч. Повикувам на играчите на смиреност и максимална концетрација“, рече Анчелоти.

Тој смета дека одбраната ќе игра клучна улога во овој натпревар.

„Добрата одбрана е клучот на се. Ги добивме сите мечеви во кои не примивме гол. Затоа се обидувам да посветам најмногу внимание на тој сегмент“, рече Анчелоти кој на овој меч ќе ги има на располагање и Карвахал и Азар кои беа повредени.

Упати комплименти и кон Барселона.

„Мислам дека Барселона полека се враќа. Имаше многу проблеми, но сега постепено се враќа на победите и се подобрува“, вели Анчелоти.

Се вчитува...