Анчелоти: Се ќе се промени, очекувајте огромен пад на фудбалот во иднина

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти не е оптоварен со прашањето кога ќе продолжи првенството во Англија. Фудбалскиот сојуз на Англија објави дека натпреварувањето сигурно нема да продолжи пред 30. април, но Италијанецот тоа воопшто не го интересира.

„Живееме живот на кој не сме навикнати, и тоа ќе не промени од темел. Убеден сум. Се ќе оди во иднина во надолна линија, па и фудбалот. Денес приоритет е здравјето, а тоа кога и како ќе продолжи фудбалот – воопшто не ме интересира“ – вели Анчелоти и дополнува:

„Слушам многу приказни за намалување плати, и тоа се чини неизбежно. Економијата значително ќе се промени, ТВ правата ќе бидат многу помали, играчите и тренерите ќе заработуваат многу помалку, билетите за натпревари ќе чинат помалку, и сето тоа затоа што светот и луѓето ќе имаат помалку пари“.

Многумина се прашуваат и колку на фудбалерите ќе им биде неопходно повторно да се вратат во ритам…

„Смешно ми е тоа. Некои велат дека ќе бидат неопходни најмалку три недели тренинг, а во суштина подготовките се лажен мит. Се сеќавам на 2006 година кога Милан најпрво изгуби можност да игра во Европа поради Калчополи, па потоа му беше дозволено. Морав да ги вратам играчите од одмор и да играат против Црвена Звезда. Кафу се врати 24 часа пред мечот и одигра најнормални 90 минути“ – се потсетува Анчелоти.

Се вчитува...