Анчелоти: Сигурно нема целиот фокус да биде на Халанд

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва на домашен терен ќе го пречека Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Тренерот на актуелниот европски првак, Карло Анчелоти, пред натпреварот изјави дека неговиот тим не смее да се фокусира само на запирање на Ерлинг Холанд.

„Не го подготвуваме натпреварот за да го запреме Халанд, туку да го запреме целиот тим кој изгледа незапирлив. Зборуваме за опасен и импресивен играч, кој е очигледна закана, но не смееме да заборавиме на остатокот од тимот кој игра добро“, изјави Анчелоти.

Натпреварот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ е закажан за во 21 часот.

Се вчитува...