Анчелоти: Сите мислат дека Модриќ стигна до крајот на кариерата, но не е така

Реал Мадрид стигна до дваесеттата победа во Ла Лига оваа сезона откако во 26. коло славеше на домашен терен во дербито против Севилја со 1-0 благодарение на фантастичниот гол на Лука Модриќ кој шанса доби во 75. минута, а шест минути подоцна донесе три бода за „кралевите“.

Хрватот не добива голема минутажа оваа сезона во Реал Мадрид, но и тоа не го спречува да ја покаже класата која ја поседува па беше тема на разговор и за Карло Анчелоти по крајот на натпреварот.

„Не можам да знам што се случува во неговата глава. Тој е многу добар, скромен човек. Не знам дали сака да остане во Реал Мадрид за да биде резерва. Тоа што сакам да го кажам е дека не е важно колку минути играш, туку што покажуваш во тоа време.

Како можам да му помогнам? Тешко дека можам. Го разбирам кога е тажен, но ова не е крај за него. Целиот свет мисли дека е така, но не е. Има уште енергија, не е на крајот на криерата. Погледнете го само, па тој има 39 години“, изјави Анчелоти.

Едно од прашањата на кое одговори Анчелоти беше и можноста за продолжување на соработката која официјално завршува на крајот на сезоната.

„Во иста ситуација е како со Тони Крос и Начо. Клубот ќе го реши тоа во следните месеци. Иднината на Модриќ е во неговите раце. Ќе ја чекаме неговата одлука. Сега да го прославиме овој гол заедно. Тешко е кога го ставам на клупа, но тој е пример за сите играчи“, додека италијанскиот стратег.

Се вчитува...