Шпанските медиуми одново го искористија присуството на Карло Анчелоти да го прашаат за иднината на Модриќ и на Крос. Двајцата фудбалери веќе се истакнаа со своите настапи во дресот на Реал Мадрид, но Анчелоти и натаму не знае ништо за иднината на двајцата.
Во јавноста многу се шпекулира дека Тони Крос ќе остане уште најмалку една сезона, додека Модриќ ќе замине ова лето.
„Крос останува, а Модриќ заминува? Не знам. Сите зборуваат за иднината на Модриќ, само ние не. Лука е фокусиран кон оваа сезона, а потоа ќе одлучиме за неговата иднина. Тогаш ќе имаме време. Сега никој не го интересира иднината во ситуација кога се бориме за двете титули. Она кое го гледам е дека и Модриќ и Крос се подготвени за игра, и двајцата размислуваат на следните натпревари, а не она што иднината носи“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА