Анчелоти стопираше трансфер на ѕвезда од Евертон во Јунајтед за 80 милиони евра

Манчестер јунајтед сериозно загриза за напаѓачот на Евертон, Ричарлисон кого го гледа како идеално решение за „тенкиот“ напад.

Јунајтед веќе подготви 80 милиони евра за негов ангажман во зимскиот преоден рок, но со доаѓањето на Карло Анчелоти во Евертон се се промени. Англичаните тврдат дека Италијанецот го стопирал трансферот на Ричарлисон на „Олд Трафорд“ затоа што му е потребен меѓу „карамелите“.

Легендарниот италијански стратег наводно го има последниот збор во клубот кога е во прашање продажбата на фудбалерите, а инсистира на тоа Бразилецот да остане до крајот на сезоната. Анчелоти кариерата во Евертон ја почна со победа од 1-0 против Барнли, а веќе денеска неговиот тим гостува на Њукасл.

Се вчитува...