Анчелоти: Судиите не внимаваа, не разбирам зошто ВАР не реагираше

Реал Мадрид одигра 1-1 против Манчестер Сити во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. „Кралвите“ имаа предност, а Сити во вториот дел израмни преку Де Брујне, гол кој ќе се покаже дека требало да биде поништен, затоа што претходно топката го напуштила теренот.

По мечот истото го кажа и Карло Анчелоти, кој истакна дека го видел аутот и реагирал до судиите, но наместо ВАР проверка, добил жолт картон.

„Интересен и добар натпревар. Тежок за нас во првиот дел, а во второто полувреме бевме подобри. Тие го имаа поседот на топката во првиот дел, но ние одлично се браневме. Кога почнавме да играме создадовме многу непријатности. Останавме смирени, чекавме шанса и ја дочекавме да постигнеме гол. Мислам дека заслуживме да победиме особено ако се има во предвид голот на Манчестер Сити. Топката беше надвор. После мечот и технологијата го докажа тоа. Не разбирам, зошто ВАР не реагираше. Судиите не внимаваа на многу работи. Мислам дека по се што се случуваше заслуживме да победиме“, рече Анчелоти.

Се вчитува...