Анчелоти тргнува во офанзива по „ѕвезда“ на Милан

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти сака во своите редови да го доведе фудбалерот на Милан, Френк Кеси. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има договор со „росонерите“ до 2022. година, но Анчелоти го следи веќе подолго време и сака по секоја цена да го доведе на „Гудисон“.

Неговата цена се проценува на 25 милиони евра, сума која што не би требало да биде проблем за клуб од Премиер-лигата. Кеси сезонава за Милан запиша 26 настапи на кои постигна еден гол.

Претходните денови со трансфер во Евертон се поврзува и искусниот бразилски дефанзивец Тиаго Силва.

Се вчитува...