Реал Мадрид стигна до огромна победа во битката за титула во шпанското првенство откако во 24. коло славеше со убедливи 4-0 против Гирона зголемувајќи ја предноста на врвот на табелата на пет бода.
По натпреварот тренерот Карло Анчелоти доби прашање за можниот ангажман на Килијан Мбапе на кој искусниот италијански стратег имаше интересен одговор.
„Винисиус, Белингхем и Родриго се моментално тројцата најдобри фудбалери на светот. Потоа тука се и Крос, Валвереде, Камавинга… Вие ми зборите за играчи на други клубови, а јас ќе ви говорам за моите кои се најдобри на светот. Работам на тоа да го извлечам најдоброто од нив и мислам дека добро ми оди во тоа. Моите играчи се клучот на се“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА