Анчелоти во сабота ќе биде промовиран на клупата на Евертон

Довчерашниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти до сабота треба да биде промовиран на клупата на англискиот премиерлигаш Евертон.

Тренерската клупа во Евертон се испразни по заминувањето на Марко Силва, а како што пренесуваат најугледните англиски медиуми Анчелоти веќе ги финишираше преговорите „лице во лице“ со сопственикот на Евертон, Фархад Мошири, низ кое е договорена идна меѓусебна соработка.

„Договорот треба да се финализира во текот на утрешниот ден, а веќе во сабота Анчелоти треба официјално да биде промовиран. Но, без разлика и на промоцијата екипата престојниов викенд ќе ја води Данкан Фергусон“ – пренесува Би-би-си.

Според најавите Анчелоти би имал годишна плата од 11,5 милиони фунти, а доколку успее да го спаси Евертон од испаѓање ќе добие бонус од 2,5 милиони фунти.

Се вчитува...