Килијан Мбапе ова лето конечно стави крај на долгогодишна трансфер сага и потпиша за Реал Мадрид петгодишен договор. Со тоа се постави прашањето која ќе биде позицијата на одличниот француски голгетер кој се очекува да го предводи нападот со Родриго и Винисиус Џуниор на крилните позиции.
Ова прашање му беше поставено и на тренерот на „кралскиот“ клуб, Карло Анчелоти кој имаше интересен одговор.
„Ќе му најдеме некое место. Ќе го „упикаме“ некаде“, изјави Анчелоти.
Мбапе изминатата сезона одигра 48 натпревари на кои постигна 44 голови и 10 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА