Анџелика Митрашиновиќ потпиша за францускиот Тарб

Најдобрата македонска кошаркарка Анџелика Митрашиновиќ од следната сезона ќе ги брани боите на францускиот Тарб.

Митрашиновиќ ќе биде дел од една од најсилните лиги во Европа кои заедно со Русија имаат по три екипи во Евролигата.

Тарб минатата сезона заврши како осми во регуларниот дел од француското првенство, а поради позитивни Ковид случаи мораше да ги предаде мечевите од четвртфиналната серија против Борж.

Митрашиновиќ во првиот дел од сезоната беше во редовите на Будучност, а по завршувањето на регионалната ВАБА лига дојде во Баскет Кам, клуб на кој со своите игри му ја донесе двојната круна во домашниот шампионат за првпат во историјата.

 

Се вчитува...