Наташа Андонова тргна со Леванте (видео)

Наташа Андонова се појави на самиот старт на подготовките на тимот на Леванте, максимално мотивирана за добри изданија во новата сезона.

Многу ми се допаѓа тимот, имаме добри фудбалерки, но исто така и добри личности“, изјави Андонова за клупската веб-страница по деталните лекарски прегледи што беа извршени.

Андонова и Леванте се наоѓаа на третото место во шпанското првенство, зад Барселона и Атлетико Мадрид, во моментот на прекин на сезоната поради коронавирусот. Македонката одигра осум средби во својата прва сезона во дресот на Леванте, откако пристигна во овој клуб од редовите на Барселона.

Се вчитува...