Андре Гомеш повторно тренира (ФОТО)

Андре Гомеш го одработи првиот тренинг по страотната повреда која ја доживеа на мечот против Тотенхем. Португалскиот интернационалец од редовите на Евертон беше изложен на операционен зафат, а веќе почна и со тренинзи во фитнес центарот на клубот.

Засега тренинзите вклучуваат само возење на велосипед и лесно кревање на тегови. Претходната седмица, Карло Анчелоти изјави дека опоравувањето на Гомеш оди побрзо од очекуваното и дека тој би можел да се врати на терените до крајот на сезоната.

 

Се вчитува...