Андреас Трајковски доби дозвола од ИААФ да се натпреварува за Македонија

Македонецот Андреас Трајковски кој дел од својот живот го помина во Данска доби дозвола од Светската аматерска атлетска федерација во иднина да може да настапува под знамето на Македонија.

Оваа информација ја потврди самиот атлетичар, а беше пренесена од неговиот матичен клуб во Македонија АК Работнички.

„Андреас Трајковски денес доби дозвола од Светската атлетска федерација дека во иднина ќе може да ги брани боите на Македонската атлетска репрезентација. Честитки Андреас и ти посакуваме многу успех во македонскиот дрес“, стои во соопштението од АК Работнички.

Трајковски во интервју за ЕКИПА.МК кое го даде минатото лето изјави дека кога ќе се спомене Македонија прва асоцијација му е „дома“, а дека главна цел во следниот период му е да ја претставува Македонија на следните Летни олимписки игри во Париз 2024.

Се вчитува...