Андреску не била родена кога Серена ја освои првата титула на УС Опен

Најуспешната тенисерка на денешницата, Серена Вилијамс има нова шанса за освојување на 24-та грен-слем титула во кариерата. Таа во финалето на УС Опен ќе игра против канадската тенисерка Бјанка Андреску.

19-годишната Канаѓанка кој првпат во кариерата се натпреварува во главниот жреб на „Флешинг Медоуз“ и првпат е во финале на гран-слем турнир родена е шест месеци по првиот успех на Серена Вилијамс на УС Опен во 1999 година.

Серена Вилијамс, која досега има шест титули од турнирот во Њујорк нема грен-слем титула речиси две години. Ако триумфира во финалето со седум трофеи ќе стане најуспешната жена на овој гран-слем во „новата тениска ера“.

Се вчитува...