Андриј Пјатов: Поради психопатот Путин умираат нашите деца, ова е фашизам!

Легендарниот голман на украински Шахтер, Андриј Пјатов видно изнервиран и разочаран проговори за инвазијата на Русија над Украина. Пјатов го осуди рускиот претседател Владимир Путин за неговата агресија кон Украина.

Андриј изјави дека тој е семеен човек и се плаши за животтите на своите деца, дополнително потенцирајќи дека веќе некои негови пријатели се простиле од своите чеда.

„Еден психопат решава за судбината на нашите животи. Ова е фашизам! Се надевам дека наскоро ќе заврши војната. На 24 февруари ме разбуди експлозија, не верував што се случува. Најлошо е тоа што деца умираат. Мора да му покажеме на светот дека тука се случува геноцид“, изјави Пјатов.

Се вчитува...