Андриј Шевченко позитивен на Ковид-19

Омикрон варијантата на коронавирусот по Англија почна да прави проблеми и во останатите фудбалски шампионати во Европа. Шпанците веќе се соочуваат со проблеми, а позитивни случаи почнаа да се појавуваат и во италијанската Серија А.

Тренерот на Горан Пандев во Џенова, Андриј Шевченко е позитивен на коронавирус, а покрај него позитивен на последното тестирање е и Доминико Кришито. Засега само Шевченко и Кришито се позитивни во Џенова и се наоѓаат во изолација.

Попладнево беше потврден позитивен тест и кај соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Ирвинг Лозано. Тој празниците ги поминал во родниот Мексико каде и се заразил и во моментов исто така се наоѓа во изолација.

 

Се вчитува...