Ањели го сака Сане во Јувентус

Идејата на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, е во тимот да донесе „млад Кристијано Роналдо“ и за таа цел клубот веќе има направено листа со неколку имиња. Со оглед дека Килијан Мбапе и Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе бидат тешко достапни, нов играч се почесто се споменува во плановите на италијанскиот шампион.

Лирој Сане, ѕвездата на Манчестер сити, според медиумите во Италија, е на списокот на желби на Јувентус. Тој не беше во германскиот национален состав на Светското првенство во Русија, а во последниве месеци и има дискутабилна релација со менаџерот на Сити, Пеп Гвардола. Јувентус ќе се обиде да профитира од ваквата ситуација.

Сепак овој план е повеќе долгорочна стратегија со оглед дека Јувентус летово даде 110 милиони евра за Роналдо, а малку продаваше. Италијанскиот гигант ќе мора малку да почека за можноста да го купи Сане кого Манчестер сити го проценува на фантастични 150 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...