Ањели на средба со Алегри – Пирло има од што да се тресе

Масимилијано Алегри е голем фаворит за тренерската функција во Јувентус, каде трофејниот стручњак би се вратил веќе в четврток доколку Јуве в среда не успеа да слави на дуелот против Наполи. Директорот Паратичи неодамна најави дека управата има апсолутна доверба во Пирло, но со секој нареден меч станува јасно дека „старата дама“ сепак беше преголем залак на почетокот на тренерската кариера на овој млад стратег.

Свесен за тоа е и претседателот Андреа Ањели, кој самиот покренал иницијатива за враќање на Алегри на клупата на „црно-белите“. Добро упатениот весник „Тутоспорт“ дури и тврди дека Ањели во друштво на Алегри го следел последното градско дерби со Торино на кое Јуве освои само еден бод.

„Старата дама“ имаше апсолутна доминација на италијанската фудбалска сцена под водство на Алегри, стигна и до две финалиња во ЛШ, но не успеа да се искачи на врвот на фудбалска Европа. Тој пред две години си замина од клубот, но ниту Сари ниту Пирло не се покажаа како достојни замени, а откако и самиот Алегри не најде нов клуб во некој друг европски гигант сега и тој е загреан за враќање на клупата на Јуве.

Се вчитува...