Ангелче Тимовски ново засилување на Шкендија

Ангелче Тимовски е новото засилување на македонскиот фудбалски шампион Шкендија. 26-годишниот фудбалер во Тетово доаѓа од редовите на Силекс, каде минатата година ја носеше капитенската лента.

Тимовски со Шкендија потпиша двогодишен договор со важност до летото 2023 година.

„Овој трансфер за мене е многу важен чекор во мојата кариера. Понудата од најдобриот тим во земјава ме заведе и искрено можам да кажам дека ја надмина мојата желба да играм во странство. Шкендија како актуелен шампион има многу добар тим и посакувам со моето присуство да му помогнам на тимот да го подигне квалитетот“, изјави Тимовски. 

 

Се вчитува...