Македонскиот шампион во планинско трчање Дејан Ангелоски имаше одличен настап во националниот дрес на Македонија на Балканското првенство во планинско трчање кое се одржа во Кампулунг Бучовина во Романија.
Ангелоски и покрај повредата на петата со која се бореше во текот на целата трка на крајот заврши на извонредното шесто место во генералниот пласман во исклучително силна конкуренција.
„Освоеното шесто место е само еден потик за него, како и за АК Охрид трчаТ и за Атлетска Федерација на Македонија мотив во следниот период да му дадеме поголема поддршка и на следното големо натпреварување да обезбеди подиум“ – порачаа од таборот на Ангелоски по завршувањето на трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА