Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска е повторно на собир во пресрет на вториот циклус од Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ ги очекуваат дуели против Лихтенштајн на домашен терен на 13 октомври (сабота) и против Ерменија три дена подоцна, а интенцијата е да се продолжи со победнички ритам, по двата трумфа од првиот сегмент.
„Повторно сме заедно и сакаме да продолжиме во ист, победнички ритам. Се надевам дека сите фудбалери, освен Иван Тричковски, кој информираше за повреда на бутниот мускул и ќе мора да мине дополнителни медицински прегледи на Кипар, се здрави и подготвени за настап. Имаме доволно време добро да се подготвиме, фокусот прво ќе ни биде на насочен кон Лихтенштајн, а потоа ќе размислуваме и за гостувањето во Ерменија“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Првиот тренинг македонскиот национален тим ќе го има вечерва, од 19 часот, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА