Ангеловски и Ристовски понудија помош за семејствата на повредените што се лекуваат во Загреб

Дваесетина повредени од страшниот пожар во Кочани се лекуваат во различни држави во регионот, а македонските граѓани кои живеат во тие земји се организираат за да им помогнат на семејствата кои ќе допатуваат за да бидат крај своите најблиски во оваа најважна битка.

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски и екс-капитенот Стефан Ристовски преку своите профили на социјалните мрежи понудија помош за семејствата на повредените што ќе се лекуваат во Загреб.

Ристовски настапува за Динамо Загреб, додека Ангеловски во последните години минува многу време во хрватскиот главен град, па двајцата направија добар гест – подавајќи рака за помош на оние на кои во моментов им е најпотребна…

Се вчитува...