Ангеловски: Македонската репрезентација секогаш ќе биде дел од мене

Бранислав Ангеловски одигра 159 натпревари и постигна 392 гола во дресот на македонската репрезентација и е трет играч со најмногу репрезентативни мечеви по Стевче Алушовски и Кире Лазаров. Беше дел од македонскиот состав што го освои петтото место на ЕП 2012 во Србија, а својот последен натпревар во националниот дрес го одигра на ЕП 2014 во Данска. Националниот дрес секогаш бил и за Бранислав Ангеловски секогаш и ќе остане оној најдрагиот во кој се игра со срце и со многу емоциии.

Во тие 159 натпревари сигурно во повеќето беше со солзи во очите кога ќе ја слушнев македонската химна. Тоа е посебно чувство. И ден денеска  иако не сум физички дел од репрезентацијата, ја сум секогаш со оваа наша македонска репрезентација. Се радувам на секој успех и посебно се радувам што имаме светла иднина во младата генерација“- ќе рече 40-годишниот Бранислав Ангеловски кој вечерва со ревијален натпревар во Битола официјално стави крај на играчката кариера.

Се вчитува...