Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, сакаме продолжување на победничкиот ритам во Лигата на нации!

Селекторот Игор Ангеловски вели дека Македонија ја прифаќа фаворитската улога и сигурно ќе оди на победи и во престојните два натпревари од Лигата на нациите против Лихтенштајн во Скопје и против Ерменија во Ереван во квалификациите за ЕП 2020.

На списокот на Ангеловски за двата дуели единствена новина е враќањето на Дамјан Шишковски како трет голман, и фудбалерите од средниот ред Аријан Адеми и Ферхан Хасани….

„Ова е стандарден список на кој се враќаат Шишковски како трет голман и Адеми и Хасани во средниот ред. Не бегаме од фаворитската улога и ќе се обидеме да продолжиме во победнички ритам онака како што го започнавме натпреварувањето во Лигата на нациите со двете победи против Гибралтар и против Ерменија“ – истакна по соопштувањето на списокот Ангеловски.

На списокот е и дефанзивецот на хрватска Ријека, Дарко Велковски, иако неизвесно е дали ќе биде во комбинација за настап поради повреда заработена на вчерашниот тренинг на својот тим.

„Дарко Велковски има одредени проблеми со повреда здобиена на вчерашниот тренинг па треба да видиме што ќе покажат прегледите. Фокусот е сега во прв момент единствено на Лихтенштајн, очекуваме победа и максимално квалитетен настап, а потоа ќе размислуваме и за Ерменија“ – дополни македонскиот селектор на денешната средба со медиумите.

Македонија против Лихтенштајн игра на 13. октомври од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје а дуелот против Ерменија во Ереван се игра на 16. октомври.

Се вчитува...