Ангеловски под силни импресии и во Скопје: Ние сме семејство, среќни сме што го обединивме народот

Повеќе од емотивна реакција имаше македонскиот селектор Игор Ангеловски по последниот свиреж на натпреварот во Тбилиси и историската победа која ја однесе Македонија на првото Европско првенство.

Но, силните импресии од натпреварот и се што се случуваше на „Динамо арена“ не стивнаа ниту по пристигнувањето во Македонија.

„Благодарам на премиерот и сите што не пречекавте на наша територија. Среќни сме што успеавме да го обединиме народот. Може слободно да кажам дека ние така обединето живееме во репрезентацијата пет години, како едно големо семејство… Тоа беше нашиот рецепт за да дојдеме до успехот и пласманот на ЕП. Среќен сум што работам со вакви фудбалери кои знам дека и во иднина ќе ни носат уште поголеми спортски успеси“ – истакна Ангеловски на пречекот на националниот тим на граничниот премин Блаце.

Се вчитува...