Македонскиот селектор Игор Ангеловски отворено со офанзивна определба ќе атакува на трите бода против Лихтенштајн во мечот кој стартува од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“.
Во стартниот состав за третата пресметка во Лигата на нации, Ангеловски во нападот ќе биде со Горан Пандев, Александар Трајковски и Илија Несторовски, а во средната линија со Енис Барди, Елиф Елмас и Ферхан Хасани.
Очигледно е дека ќе добијат одмор фудбалерите кои се жалеа на стомачен вирус изминативе денови, Бобан Николов, Стефан Спировски, Стефан Ристовски, Аријан Адеми…
Во одбраната ќе го нема и Кире Ристевски, па пред голманот Столе Димитриевски ќе бидат Бејтулаи, Муслиу, Зајков и Алиоски на левата крилна позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА