Ангеловски со очекуван напад: Стојановски на местото на Несторовски во првиот тим против Ерменците

Македонскиот селектор со очекуваниот комбиниран состав ќе им се спротистави на Ерменците во битката за првото место во групата од Ц-лигата и прогресот во Лигата Б од УЕФА Лигата на нации.

Во нападот, како што се најавуваше, Влатко Стојановски на местото на Илија Несторовски покрај Тричковски и Трајковски, додека во средниот ред ќе бидат Тотре и Костадионов, заедно со Ристовски и Бејтулаи на странични позиции.

Во одбраната Велковски, Муслиу и Зајков пред голманот Дамјан Шишковски.

Се вчитува...