Ангеловски: Тоа за што дојдовме и го остваривме – рутинска победа!

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Игор Ангеловски истакна задоволство од освоените три бода на почетокот од Лигата на нациите со кои националната селекција стартуваше согласно очекувањата во желбата за првото место во групата.

„По тоа што дојдовме и го остваривме. Целта ни беше да почнеме со победа и со три бода. Како се договоривме така и го почнавме дуелот со брз прв гол, а потоа и втор погодок. Потоа одигравме само рутински да дојдеме до победата со цел да зачуваме и нешто од силите затоа што за три дена не чека поважен дуел со Ерменија во Скопје“ – истакна македонскиот селектор притоа дополнувајќи:

„Пандев го извадивме на полувреме затоа што изминатиов период беше ангажиран и во својот клуб а сега сакавме да го зачуваме свеж и за дуелот со Ерменија. На полувреме се договоривме и да не се трошиме непотребно, а да чуваме топка за да не дозволиме противникот да се закани“.

 

Се вчитува...