Ангеловски за своите „гладијатори“: Прекрасно мотивациско видео со порака – Почитувајте ги! (ВИДЕО)

По заокружувањето на најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, селекторот Игор Ангеловски подготви мало изненадување за своите фудбалери со еден вид благодарност за трнливиот пат низ кој ја донесоа Македонија на ЕП.

Ангеловски подготви мотивациско видео со најзначајните фотографии на македонските репрезентативци од изминативе пет години испратено со темата „Почитувајте го“ од музиката на култниот филм „Гладијатор“

Македонскиот селектор, преку музичката поддршка, испрати и порака до целокупната македонска јавност да ги почитува овие негови и наши „гладијатори“ кои засекогаш ќе останат запишани во македонската историја.

Видеото може да го погледнете на следникот ЛИНК.

Се вчитува...