Англичани, внимавајте: Пекерман никогаш не загубил од европска репрезентација

Англија ќе има исклучително тешка задача на дуелот со Колумбија, уште повеќе ако се знае дека противничкиот селектор Хозе Пекерман има извонреден скор кога против себе имал ривали од Европа.

Имено, Пекерман во шесте години колку што е селектор на Колумбија осум пати имал против себе европски селекции и ниту еднаш не ја почувствувал горчината на поразот. Севкупно гледано тој има шест победи, меѓу нив и над големи ривали како Белгија и Франција, додека двете нерешени средби ги има забележано против Шпанија и Холандија.

Под водство на овој стратег Колумбија лани стигна до четвртфиналето од СП 2014, каде што загуби од домаќинот Бразил.

Едно е јасно, пред Герет Саутгејт и англиските фудбалери е голем предизвик, да се обидат да ја прекинат фантастичната серија на овој стручњак.

Се вчитува...