Англичаните би оделе до Перт за да ја завршат Премиер-лигата

Австралискиот град Перт е алтернативното решение за неутрален терен на кој би била комплетирана сезоната во англиската фудбалска Премиер-лига. Дел од плановите во „Проект Рестарт“ за продолжување на сезоната е и одигрување на преостанатите 92 натпревари на неутрален терен во Англија, но в предвид доаѓа и опцијата за неутрален терен надвор од државата.

Првичните разговори и со австралиските власти и со надлежните во Перт, но и со претставниците во Премиер-лигата биле направени. Австралиската страна се согласува, дури оваа опција била прифатлива и за дел од премиерлигашките клубови.

Идејата натпреварите да бидат играни во Австралија доаѓа поради фактот што оваа држава исклучително добро се справи со коорнавирусот и наспроти Велика Британија која брои над 28.000 починати и секојдневно стотици нови, има само 93 смртни случаи поврзани со Covid-19.

Овој план би значел дека 20-те премиерлигашки клубови би биле сместени секој во свој хотел во Перт. На средбите нема да има публика, а времето за почеток би било адаптирано за да биде адекватно за ТВ преноси во Англија.

Се вчитува...