Англичаните избраа датум: Премиер-лигата продолжува во јуни

Англиската Премиер-лига е подготвена за продолжение на сезоната, откако клубовите го избраа 8 јуни како идеален датум за првите натпревари по повеќемесечната пауза поради коронавирусот. За петок е закажан состанок на челниците на лигата со претставниците на клубовите, на кој се очекува да биде потврден датумот за старт, со што и клубовите ќе можат да ги официјализираат тренинг-плановите за што подобра подготовка за остатокот од сезоната.

Премиер-лигата веќе издвоила над 4 милиони фунти за купување на тестови за Ковид-19 за лицата кои ќе бидат присутни на стадионите за сите натпревари до крајот на сезоната, решавајќи уште еден проблем со државните власти, се со цел што побрзо да се добие зелено светло. Прогнозата е дека на 18 мај ќе биде добиено зелено светло за групни тренинзи, во меѓувреме фудбалерите ќе работат индивидуално, а тие дваесетина дена, од 18 мај до 8 јуни, се доволно време за финиширање на подготовките пред продолжението на сезоната.

Планот е сезоната да се доигра во рок од осум седмици, односно да заврши најдоцна до крајот на јули, по што Премиер-лигата за сезоната 2020/21 би можела да стартува во втората половина од месец август.

Се вчитува...