Англичаните се договорија: Фудбал ќе нема до 30 април, но сезоната ќе продолжи

Сезоната во фудбалска Англија дефинитивно ќе продолжи и нема да биде поништена, е заедничката одлука на денешниот состанок на челниците на ФА со претставниците на премиерлигашите и клубовите од пониските лиги.

Ваквиот став беше за очекување со оглед на пребогатиот спонзорски договор што го имаат премиерлигашите за ТВ-права, за кој ќе мораа да бидат плаќани високи пенали доколку сезоната беше прекината. Одлагањето на ЕВРО 2020 отвори простор за продолжување на сезоната, што ќе биде искористено и од страна на Англичаните.

Со оглед на фактот дека коровирусот забрзано се шири во Велика Британија, донесена е заедничка одлука сезоните да бидат прекинати до 30 април. Во меѓувреме, во зависност од ситуацијата ќе биде донесена нова одлука дали сезоната ќе стартува во првиот викенд од месец мај, и дали натпреварите ќе се играат со публика или пред празни трибини.

Се вчитува...