Англичаните се незадоволни од ВАР системот

Речиси две третини од навивачите посочија дека се против ВАР системот во англискиот фудбал.

Во истражувањето објавено 67,3 отсто од навивачите рекле дека се против ВАР системот, додека 79,1 отсто од редовните посетители на натпревари рекле дека нивното искуство со ВАР технологијата е лошо или многу лошо.

Резултатите од ова истражување се во сериозна спротивност со истражувањето спроведено меѓу навивачите од страна на Фудбалската асоцијација во 2017 година, пред воведувањето на ВАР, кога 74,6 отсто од навивачите беа за воведување на овој систем.

Овогодинешното истражување го спроведе Националното здружение за навивачи, а во текот на март и април беа анкетирани 9.645 луѓе.

Речиси 92 отсто од испитаниците рекле дека донесувањето одлуки трае предолго, само 26,8 отсто се задоволни и го поддржуваат спроведувањето на ВАР.

Само 5,5 отсто од навивачите кои одат на натпреварите го оцениле искуството со ВАР како добро или многу добро, додека 65,4 отсто од оние кои претежно ги следат натпреварите на ТВ го оцениле искуството како лошо или многу лошо.

Се вчитува...