Англичаните со критики кон Саутгејт за списокот за Македонија

Англискиот селектор Герет Саутгејт вчера го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на пресметката со Македонија на „Олд Трафорд“. Англиските навивачи се многу разочарани од изборот на селекторот, односно од тоа што не повикал неколку играчи кои според нив, заслужиле да бидат дел од „Гордион Албион“.

Фудбалерот на Кристал Палас Еберечи Езе, дефанзивецот на Брајтон Луис Данк добија свое место во тимот, а повик доби и Александер-Арнолд, и покрај тоа што неговата форма е очајна.

Од дурга страна Саутгејт се одлучи да не ги повика Калум Вилсон кој има одлична сезона, ниту Оливе Воткинс, а повторно нема место за Бен Вајт. Многумина очекуваа повик и на Морган Гибс-Вајт, како и на играчот на Њукасл, Шон Лонгстаф.

Најмногу на Англичаните им пречеше тоа што повик доби Калвин Филипс, кој ја „грее клупата“ на Сити.

„Што треба да направи Шон Лонгстаф? Очигледно дека Саутгејт повикува некои играчи и кога не играат“, напиша еден англиски навивач.

Се вчитува...