Англичаните веќе решија: Тухел останува селектор!

Целокупната фудбалска јавност покажа со прст кон Томас Тухел како главен виновник за елиминацијата од Аргентина, но тоа сепак не е доволно за германскиот стратег да добие отказ од селекторската функција.

Првиот човек на Фудбалската Асоцијација, Марк Булингем, ги следеше во живо настапите на „гордиот албион“ на овој мундијал, по што веднаш по елиминацијата од Аргентина тој му соопштил на Тухел дека соработката дефинитивно продолжува и отказ за германскиот стручњак воопшто не е опција за челниците на ФА.

Бројните критики кон селекторот се разбирливи, но ставот на луѓето кои ја водат Фудбалската Асоцијација е дека на пласманот во полуфиналето не може да се гледа како на неуспех. Згора на тоа, Тухел според нив импресивно ја водеше оваа селекција од доаѓањето на кормилото и нема поента соработката да биде прекината по нецели две години.

Впрочем, Германецот во февруари потпиша договор како селектор до јули 2028 година, што Булингем и неговите соработници планираат да го испочитуваат. Тухел ќе ја предводи Англија на ЕВРО 2028, тоа веќе може да се каже со сигурност.

Се вчитува...