Англичанка се расплака од радост – Подарок македонски дрес од Алиоски за Божиќ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски често знае да биде на удар на фановите на Лидс по социјалните мрежи за неговите изданија во англискиот чемпионшиплигаш. Но, ја ужива максималната доверба на менаџерот Биелса, а очигледно е омилен и кај понежниот пол на Островот. Па, што е друго важно?

На Твитер осамна и видео од неизмерната радост на млада Англичанка, очигледно голем фан на Алиоски, која за Божиќ од својот татко доби оригинален дрес од македонската репрезентација токму на Езгијан Алиоски… Солзите радосници кога го виде подарокот доволно кажуваат…

 

Се вчитува...