Англија во жалост – Почина легендарниот Рон Флауерс

Поранешниот англиски фудбалер Рон Флауерс денеска почина на 86 годишна возраст. Флауерс кој во кариерата го носеше дресот на Вулверхемптон од 1952 до 1962 и освои три титули шампион на Англија.

Исто така беше дел и од легендарната генерација на Англија која во 1966 година го донесе единствениот голем трофеј за „Гордиот албион“ освојувајќи го „Мундијалот“ на кој самите беа домаќини.

„Неопишливо е колкава е тагата што мораме да објавиме дека Рон Флауерс, потпретседателот и легендата на овој клуб почина“, стои во соопштението на Вулверхемптон.

 

Се вчитува...