Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон е осуден на шест месеци затвор, односно условна казна од 18 месеци поради навредили коментари на социјалните мрежи.
Сега 43-годишникот кој во текот на кариерата настапуваше за Манчестер Сити, Њуксал Јунајтед, КПР, Марсеј и Ренџерс е прогласен виновен за навредливи објави кон британскиот водител Џереми Вин, како и двете коментаторки Луси Ворд и Ени Алуко.
Обвинителството пресуди дека неговите пораки ја надминале границата на слободен говор па тој има и забрана за контакт со Алуко, Ворд и Вин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

