Англиски фудбалер пред затворска казна поради сексуално вознемирување на повозрасна жена во воз

Англискиот фудбалер Пол Каламбаји се најде на насловните страници во англиските медиуми со стартот на судскиот процес поради самозадоволување во воз пред повозрасна жена во 2018 година.

Тогаш, 18-годишниот Каламбаји во опрема на својот фудбалски клуб Вимблдон, во еден од вагоните на возот со кој се превезувал почнал да мастурбира пред повозрасна жена.

„Навастина срамен чин. Ми го покажуваше смеејќи се и провоцирајќи“ – го опиша жената настанот во возот, кој веднаш го пријавила во полиција.

Сега, Каламбаји, кој тврди дека единствено само ги местел боксерките кои ги носел и дека воопшто немало сексуално злоставување, се соочува и со затворска казна. Фудбалерот и натаму тврди дека жената се погрешно разбрала.

Се вчитува...