Англиски фудбалер проговори гласно: Повеќе не можам да лажам, јас сум геј!

Џек Даниелс, фудбалерот на Блекпул, во телевизиско интервју за „Скај“ призна дека е геј и со тоа стана првиот професионален фудбалер од Обединетото Кралство што го направи тоа јавно.

„Дејли мејл“ додава дека тој е единствениот активен британски фудбалер кој признал дека е хомосексуалец и вториот во светот.

Даниелс го направил тоа за да ја „откорне стигмата“ и додаде дека ја има целосната поддршка од соиграчите и клубот што се натпреварува во Чемпионшип.

„Постојаното лажење не е она што сакам да го правам. Со денови размислував како и кога да го направам тоа и чувствувам дека сега е вистинското време. Сакам луѓето да знаат кој сум вистинскиот јас. Се борев, но сега се чувствувам подготвен да бидам свој и слободен“, рече Даниелс.

Австралиецот Џош Кавало во октомври минатата година на Инстаграм објави дека е геј. Левиот бек на Аделаид Јунајтед ја раскажа својата приказна која ја започна со зборовите: „Сакам да споделам нешто лично со вас. Јас сум фудбалер и геј“.

Се вчитува...