Англиски Лига Куп: Арсенал го совлада Лидс, Челзи по пенали го мина Саутемптон (ВИДЕО)

Денеска се одиграа тир меча од англискиот Лига Куп, познат како „Карабао Куп“ во кој фаворитите успеаја да обезбедат пласман во следната фаза.

Арсенал во регуларниот дел го реши тимот на Лидс со головите на Чемберс и Нкетиа во вториот дел.

Челзи се намали, и дури по изведувањето на пенали го мина Саутемптон. Регуларниот дел заврши 1:1. Хаверц донесе водство за Челзи, а Адамс погоди за гостинскиот тим по што се изведуваа пенали. Таму Челзи погоди четири од пет, додека Саутемптон реализираше три, за конечен триумф. За Саутемптон не беа сигурни Волкот и Смолбон.

На пенали се решеваша и натпреварот КПР – Сандерленд. Регуларниот дел заврши без голови, а во пенал рулетот КПР реализираше само еден удар, додека три пати беше успешен Сандерленд за конечен триумф.

Се вчитува...