Вест Хем и целиот англиски фудбал е во тага по веста за смртта на легендарниот фудбалер Били Бондс кој почина денеска на 79-годишна возраст.
Бондс мина 27 години во Вест Хем и како играч, и како менаџер. Одигра 799 настапи за тимот на Вест Хем, што го става на врвот по бројот на настапи за екипата на сите времиња, и рекорд кој веројатно никогаш нема да биде надминат.
„Бонзо“ како што нарекуваа, стана капитен на „Чеканите“ кој два пати го крена ФА Купот – во 1975 и 1980 година, а беше финалист во КПК во 1976 година. И покрај тоа што беше легенда на англискиот фудбал, сепак, никогаш не стана дел од англиската репреезнтацијата.
На возраст од 41 година и 226 денови, Бондс го имаше својот последен настап во април 1988 година, а потоа беше назначен и за менаџер на клубот во 1990 година, и го водеше на 237 меча како менаџер.
Поради ова, мечот со Ливерпул во Премиерлигата почна со минута молчење во чест на легендарниот фудбалер и тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

